По 13 години фановите повторно ќе можат да се дружат со омилените ликови од серијата „Досиеја Икс“. Новите епизоди се во подготовка, а филмската екипа им дозволи да ѕирнат во мистериите кои ќе ги разоткриваат Дејвид Духовни и Џилијан Андерсон.
Дејвид ќе ја репризира улогата на агентот Фокс Молдер, а Џилијан ќе влезе во улогата на Дејна Скали. Погледнете го трејлерот:
Серијата се емитуваше од 1993 до 2002 година, а има добиено 16 Еми награди и 5 Златни глобуса. Досега беа снимени 9 сезони и 202 епизоди, а сега следуваат шест нови епизоди режирани повторно од Крис Картер.