Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Полина Тасева заведува во спотот за макфестовската песна „Сцена“

ВИДЕО: Полина Тасева заведува во спотот за макфестовската песна „Сцена“

Полина Тасева го претстави својот најнов видеозапис за синглот „Сцена“, со кој настапи на последното издание на фестивалот „Макфест“. Песната веднаш привлече внимание со својата моќна мелодија и енергичен настап, a сега добива и впечатливо визуелно надополнување.

Музиката, аранжманот и продукцијата се дело на Димитар Андоновски, додека текстот е напишан од Александар Тарабунов. Видеоспотот е реализиран во продукција на 77 Entertainment, под режија на Владислав Гавриловски. Сценскиот изглед и кореографијата носат модерен и динамичен израз, каде што стајлингот е доверен на Papaz, а кореографијата на Eat the Beat – Илија Карадаковски.

Со оваа песна и видеоспот, Полина Тасева уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон квалитетната македонска музика и ја зацврстува својата позиција на домашната музичка сцена. „Сцена“ комбинира сила, емоција и врвна продукција, создавајќи уникатно аудиовизуелно искуство.

Видеоспотот за „Сцена“ е веќе достапен на YouTube, а песната може да се слуша на сите дигитални музички платформи.

Полина Тасева Полина Тасева Полина Тасева Полина Тасева

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23493 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.