„Вистината е таму некаде“. По 13-годишна пауза, Дејвид Духовни и Џилијан Андерсон ќе се вратат на ТВ-екраните во нови епизоди од серијата „Досиеја Икс“.
Популарното дуо ќе сними шест нови епизоди со Крис Картер. Дејвид ќе ја репризира улогата на агентот Фокс Молдер, а Џилијан ќе влезе во улогата на Дејна Скали.
„Досиеја Икс“ се емитуваше од 1993 до 2002 година, а има добиено 16 Еми награди и 5 Златни глобуса. Беа снимени 9 сезони и 202 епизоди. Во екот на популарноста, мистериите кои ги разоткриваа Молдер и Скали привлекуваа и до 20 милиони гледачи по епизода.