Роузи Хантингтон-Вајтли однесе гламур и елеганција во Лувр.
Во познатиот музеј во Париз, 37-годишната манекенка, која во минатото беше дел од ангелите на Victoria’s Secret, буквално блескаше во црна креација. Фустанот со пулејки и разголен грб, кој одлично ја истакна атрактивната фигура на Роузи, е дело на модната куќа Balenciaga.








Со гала вечерта во Лувр беше означен почетокот на Париската модна недела.






Вереницата на актерот Џејсон Стејтам сподели фотографии од прекрасната вечер во француската метропола.
„Прекрасна вечер во Музејот Лувр на која се славеше уметноста, културата и елеганцијата“ – напиша таа.




Роузи и Џејсон заедно имаат ќерка и син.
