Златниот холивудски пар заплива во брачните води. Анџелина Џоли и Бред Пит се венчале во Франција.
Шесте деца на младенците биле дел од интимната свадбена церемонија на која присуствувале само нивни блиски пријатели и роднини.
50-годишниот актер и 39-годишната актерка се во врска девет години, а ја објавија свршувачката во април 2012 година. Тие се зближија за време на снимањето на филмот „Mr. & Mrs. Smith“.
Ова е втор брак за Пит кој пред врската со Џоли се разведе од Џенифер Анистон, додека Џоли зад себе има две неуспешни брачни врски со Били Боб Торнтон и Џони Ли Милер.
Среќниот пар наскоро ќе започне да го снима својот нов заеднички филм „By the Sea“.