За некои можеби шест деца се премногу, но очигледно тоа не важи за славната холивудска двојка, која сака да го прошири своето семејство. Анџелина Џоли и Бред Пит, кои се родители на Медокс (8), Пакс (5), Захара (4), Шило (3) и петнаесет месечните близнаци Нокс и Вивиен, најверојатно сакаат да имаат уште едно биолошко и едно посвоено дете.
„Тие засега сакаат едно биолошко дете и едно да посвојат“ – изјавил анонимен извор за списанието America’s Life & Style. „Но, никој не може да знае што ќе се случи во иднина. Некои луѓе стануваат зависни од дрога или алкохол, а Анџелина и Бред се зависни од деца.“
„Можам да си замислам проширување на семејството, без разлика дали е наше или посвоено дете“ – признава 34 годишната Џоли за октомврискиот број на британското списание Stylist. Дали големото семејство ќе стане уште поголемо останува да видиме.