Браво за Калиопи! Со неверојатно силна изведба, популарната пејачка нè однесе во финалето на Евровизија.

На вечерашното шоу Калиопи настапи со песната „Црно и бело“ и покажувајќи го долгогодишното искуство не дозволи да ѝ „избега“ ниту една нота.
Големата самоконтрола на гласот ѝ помогна да ги освои гледачите, а воедно и нивните гласови.
Македонската ѕвезда ќе ја видиме на големото финале кое ќе се одржи в сабота. Калиопи, само напред!