Се ближи „Евровизија“, па претставниците на 42 земји активно се подготвуваат за големиот музички спектакл. Вчера беше објавено кратко видео од првата проба на нашата претставничка Калиопи со песната „Дона“ на евровизиската сцена.
На пробата Калиопи настапи во кежуал облека, но за време на полуфиналето ќе носи долг црн свечен фустан. На сцената неа ја придружуваат четири пратечки вокали и тапанар.
Овогодишното 61. издание на музичкиот натпревар се одржува во Стокхолм, Шведска. 49-годишната македонска ѕвезда ќе настапи на втората полуфинална вечер, кога ќе се бори за пласман во финалето.