Еye Cue ќе нè претставува на Евровизија 2018 со песната „Lost and Found“.
Песната добила најмногу гласови од комисија на МРТ, која имала задача да анализира вкупно 382 композиции коишто пристигнале на меѓународниот повик за Избор на песна за Евровизија.
Потоа, комисијата одлучила дека групата Еye Cue (Марија Ивановска, Иво Митковски и Бојан Трајковски) најдобро ќе ја донесе избраната композиција на евровизиската сцена во Лисабон.
Музиката и текстот на „Lost and Found“ се дело на Бојан Трајковски, додека аранжманот е на Дарко Димитров.
Погледнете неколку изведби на Еye Cue: