Калиопи денес за првпат ја отпеа пред јавноста песната со која ќе нè претстави на овогодишното 57. издание на Евровизија кое ќе се одржи во Баку, Азербејџан.
Композицијата „Црно и бело“ Калипи ја создаде во соработка со нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил, кој е автор на многу големи хитови како „Бато“ и „Кофер љубави“.
45-годишната македонска ѕвезда вечерва направи музичко шоу кое заврши со изведбата на композицијата со која Македонија ќе биде претставена на Евровизија 2012 во мај.