Подготовките за Евровизија достигнуваат кулминација. Пред утрешната полуфинална вечер, сите учесници ги завршија вторите проби и одржаа прес-конференција.
Калиопи запеа на евровизиската сцена облечена во црно-бел фустан, креиран од Розе Трајчевска.
Видео













На прес-конференцијата, македонската пејачка откри како дошла до песната „Дона“, зборуваше за својата досегашна кариера и за Македонија и ги советуваше младите изведувачи.
И на црвениот тепих на свеченото отворање на музичкиот натпревар Калиопи се појави во црн фустан со потпис на Трајчевска.


49-годишната поп-ѕвезда ќе настапи во рамките на втората полуфинална вечер која е закажана за 12 мај.