Џенифер Лопез и Питбул повторно се здружија за да направат нов летен хит. Динамичното дуо ја објави песната „Live It Up“, која по заразниот клупски ритам потсетува на нивниот хит „On The Floor“.
„Live It Up“ е дел од новиот албум на Џеј Ло кој треба да биде објавен во текот на летото.
Неодамна 43-годишната Лопез и познатиот рапер беа фотографирани на плажа во Мајами, каде го снимаа спотот за новата песна.