Тејлор Свифт го објави спотот за песната „We Are Never Ever Getting Back Together“, којашто веднаш по објавувањето се искачи на врвот на Billboard Hot 100 и веќе има речиси еден милион продажби.
Во видеото, 22-годишната пејачка на позитивен начин раскажува приказна за нестабилна врска, која неколку пати доживеала раскинување. Тејлор објасни дека песната ја напишала според нејзина врска од реалниот живот, но не откри за кој од нејзините популарни бивши станува збор.
Популарната песна е дел од претстојниот четврти студиски албум на Свифт, „Red“.