Тејлор Свифт направи охрабрувачко видео за децата кои се исмејувани на училиште и со тоа им се придружи на Кети Пери (Firework) и Пинк (Raise Your Glass) кои претходно снимија спотови со моќна порака.
Преку песната „Mean“, 21-годишната пејачка упатува порака до сите нејзини фанови и ги советува да не им дозволуваат на „лошите и патетичните“ луѓе да ги онерасположуваат и да го убиваат нивниот дух.
Спотот е режиран од Деклан Вајтблум, а бил снимен во Лос Анџелес.
„Someday I’ll be living in a big old city and all you’re ever gonna be is mean. Someday I’ll be big enough so you can’t hit me, and all you’re ever gonna be is mean. Why you gotta be so mean?“ – пее младата кантри ѕвезда. Погледнете го видеото.