Почетна » Новости » Актуелно » Хероини: Медицински сестри штитеа новороденчиња за време на разорниот земјотрес во Мјанмар

Хероини: Медицински сестри штитеа новороденчиња за време на разорниот земјотрес во Мјанмар

Хероите не носат секогаш наметка. Медицински сестри заштитија новороденчиња во болница за време на разорниот земјотрес во Мјанмар, кој предизвика силни потреси и во Кина.

Додека се тресеше земјата, вработените сестри во болницата „Jingcheng“ во Јунан, Кина, дадоа сè од себе за да ги задржат креветчињата на тркала во кои беа сместени новородените бебиња.

Кина

„Земјотрес со јачина од 7,7 степени ја погоди Централна Бурма (Мјанмар). Потресите стигнаа до Кина, каде безбедносните камери ја снимија храброста на две медицински сестри за време на земјотресот. Додека се тресеше земјата, една медицинска сестра држеше бебе во нејзините раце, додека другата држеше две креветчиња за да го спречи нивното превртување“ – стои во описот.

Видеата станаа хит онлајн и им донесоа бројни пофалби на храбрите вработени во болницата.

Разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени најсилно го погоди градот Манделеј, вториот најголем град во Мјанмар, а силни потреси имаше и во соседен Тајланд. Животот досега го загубија 2.719 лица, а се стравува дека бројката ќе надмине 3.000.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24464 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.