Луисана Лопилато му е верна придружничка и најголема поддршка на Мајкл Бубле.
Ѕвездата од серијата „Млади бунтовници“ го придружуваше канадскиот пејач на „Juno Awards“ во Ванкувер.
37-годишната актерка мамеше погледи во розова креација со висок шлиц додека се смешкаше и позираше со својот сакан пред фоторепортерите. Гламурозниот фустан доаѓа од ателјето на Памела Роланд.






Еден ден по манифестацијата, Луисана и Мајкл ја прославија 14-годишнината од стапувањето во брак.
„Беше неверојатно да бидам на сцената со тебе на Juno Awards. Не само затоа што голем дел од нашата љубов е да бидеме еден покрај друг, туку затоа што денес славиме 14 години брак.“
„Мајк, му благодарам на Бог што нè зближи, што нè води и што нè држи заедно во секој чекор. Погледни го ова прекрасно семејство кое го изградивме. Ти си прекрасен партнер – љубезен, присутен и полн со љубов. Но, она што најмногу ме трогнува низ овие години, е тоа што сè уште се забавуваме заедно. За сето она што го живеевме и за сето она што допрва доаѓа. Те сакам со целото мое срце“ – напиша Луисана во описот на фотографии, меѓу кои имаше и анимиран портрет со нивните четири деца.


За појавувањето на сцената, Луисана се пресоблече во црн фустан од Надин Мераби.





