Тејлор Свифт вчера го објави својот најнов спот за баладата „Back to December“. Иако спотот е сниман во студена зимска снежна атмосфера, 21-годишната пејачка со него успеа да ги стопли срцата на многу нејзини обожаватели.
Во меланхоличното видео Тејлор бара од нејзиното бившо момче да ѝ прости со зборовите: „So this is me swallowing my pride/ Standing in front of you saying I'm sorry for that night/ And I'd go back to December all the time/ It turns out freedom ain't nothing but missing you/ Wishing that I'd realized what I had when you were mine“.
Се претпоставува дека оваа балада му е посветена на Тејлор Лотнер со кого Тејлор имаше кратка врска минатата година. Самата Свифт често има изјавувано дека повеќето нејзини песни се навистина инспирирани од лично искуство.
Коментирајќи ја оваа песна, таа изјавила: „Оваа е за човек што беше неверојатен кон мене, совршен во врската, а јас бев навистина невнимателна со него“.
„Back to December“ е дел од најновиот музички албум на Тејлор, „Speak Now“, кој 6 недели се наоѓа на врвот на Billboard Hot 200.