Ен Хетавеј и Џејмс Франко беа водители на манифестацијата за доделување на престижните награди Оскар. Тие беа избрани од продуцентите за да донесат свежина и да привлечат помлада публика.
И навистина, Ен и Џејмс се обидоа да бидат интересни и забавни, но според мнозинството критичари, младите водители не успеаја да го постигнат она што го посакуваа. Џејмс во поголем дел од времето изгледаше како незаинтересиран, а Ен беше превозбудена, па никако не можеа да се усогласат и никој не успеа да види дека има хемија помеѓу нив.
Сепак, има многу нешта по кои Ен и Џејмс ќе останат запаметени. Џејмс стана првиот водител кој испраќаше пораки на Twitter за време на манифестацијата, а Ен стана најмладата водителка на Оскарите досега.
28-годишната актерка изгледаше прекрасно на црвениот тепих и на сцената во сите тоалети, како и во елегантниот смокинг.