Доделувањето на Оскарите е најлуксузната и најпрестижната манифестација, па нејзините гости не сакаат ништо помалку од тоа да блеснат и да остават голем впечаток.
Изборот на облека долго време им создава главоболки и на ѕвездите и на нивните стилисти, а подготовките за појавувањето траат не само со часови, туку и со денови.
Холивудските ѕвезди од понежниот пол елегантно и грациозно продефилираа на црвениот тепих носејќи тоалети на познати дизајнери. Како тренд се издвоија долги тоалети во црвена боја, блескави сребрени тоалети и фустаните со боја на кожа, украсени со блескави камења.
Погледнете како беа облечени дел од гостите на свеченото 83-то доделување на Оскар.