Вчерашното доделување на Critics' Choice наградите собра на црвениот тепих многу холивудски ѕвезди кои како и секогаш сакаа да се покажат во најдобро светло.
Бремената Натали Портман умешно го сокри своето стомаче со долга црно-бела тоалета на Џанфранко Фере, која ја комбинираше со чевли на Стела Мекартни и елегантна чанта на Диор.
Нејзината колешка од „Black Swan“, Мила Кунис, се појави со црн краток фустан без прерамки од Нина Ричи.
Ким Кардашијан ја истакна својата популарна фигура на песочен часовник со тоалета во корална боја на Вера Ванг.
Ако се доделуваше награда за најсекси изглед, најверојатно неа ќе ја добиеше Ева Мендез, која привлече многу внимание со мини фустан од чипка на Валентино.
А еве и фотографии од настанот: