За време на викендот се одржа 24-тото по ред доделување на Kids’ Choice наградите. По тој повод, познатите холивудски ѕвезди прошетаа по портокаловиот тепих и покажаа малку полежерна мода.
Портокаловите цепелини отидоа во рацете на некои од најпознатите актери и актерки, пејачи и пејачки.
Џастин Бибер ја доби наградата за Најдобар пејач, а неговата „Baby“ беше прогласена за Најдобра песна. Кети Пери беше удостоена со наградата за Најдобра пејачка, а Black Eyed Peas добија награда за Најдобра музичка група.
Џони Деп освои награда за Најдобар актер и го искористи појавувањето на сцена за да ја испрска публиката со зелена кал, којашто е заштитен знак на оваа манифестација.
Освен публиката, зелена кал врз глава доби и Хајди Клум, а и сопругот на Ферги, Џош Духамел.
Мајли Сајрус беше прогласена за Најдобра актерка, Селена Гомез за Најдобра актерка од телевизиските екрани, а „The Karate Kid“ за Најдобар филм. Џастин Тимберлејк доби специјална награда за неговата хуманитарна дејност.