Синоќа, Daily Front Row им додели награди на најуспешните личности во модната индустрија за годината која измина.
На манифестацијата одржана во хотелот „Park Hyatt“ во Њујорк, Ирина Шајк ја присвои наградата Модна икона на годината. На црвениот тепих, 32-годишниот модел зачекори во златна креација со висок шлиц од Версаче.
Пред настанот, Шајк сподели фотографија од подготовките на Instagram.