Квалитетните Македонци се насекаде низ светот, а ние треба да се гордееме со нив.
Доктори од Македонија помагале во спасувањето на жртвите од нападот на божиќниот пазар во Магдебург, во кој загинаа најмалку 5 лица, а повеќе од 200 беа повредени.
Од македонската амбасада во Германија објавија дека докторите Златко Станковски од Прилеп и Владимир Митевски од Радовиш дале значителен придонес во лекувањето и спасувањето на лицата кои биле повредени откако лекар од Саудиска Арабија влета во толпата присутна на божиќниот настан.
„Горди со Д-р Златко Станковски и Д-р Владимир Митевски. Златко е од Прилеп, а Владимир од Радовиш. Тие работат како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург. Синоќа го дадоа својот придонес во спасувањето и лекувањето на погодените од трагедијата во Магдебург. Горди со нашата дијаспора“ – стои во објавата на амбасадата.
Нападот се случи на 20 декември, а Саудиецот беше уапсен. Докторите работеа прекувремено за да им помогнат на жртвите. Еден од докторите на социјалните мрежи напиша: „Крв на подот насекаде, луѓето врескаат, куп лекови за болки беа дадени“.