Марија Килибарда е пресреќна со улогата на мајка.
Српската водителка, која го роди првото дете на 44-годишна возраст, го даде првото интервју по породувањето. Нејзината долгоочекувана 2-месечна ќерка Сења сега е нејзин свет и таа ужива во нејзиното растење.
„Срцето во моментот ми чука за едно мало девојче. Сè друго е во втор, пет и десетти план“ – вели таа во интервјуто и додава: „Дури е мала, се менува секој ден. Толку брзо расте што не можам тоа да го пропуштам. Многу сум уморна, но тоа е затоа што сè доаѓа од срцето“.
Марија вели дека многу читала и слушала за растењето на децата додека се обидувала да добие дете со нејзиниот сакан Бане, но и покрај тоа, не била подготвена за првите недели од мајчинството.
„Многу работи не ми ги кажаа. Се запрашав зошто никој не ми кажа колку е тешко во првите недели. Не стигнуваш сè да обработиш, ни тоа породување. Не знам каде се собрани сите тие емоции, во смисла срцето е одредена димензија, тоа расте, расте... Моето срце сега е големо колку Русија“ – вели водителката од шоуто „Твоето лице звучи познато“,.
За разлика од многу други нови мајки кои чувствуваат притисок да си ја вратат формата од пред породувањето, Килибарда вели дека воопшто не се опседува со тежината. Таа малку ги користи социјалните мрежи за да не дозволи „совршените“ мајки да ѝ разбудат негативни мисли.
„Во ниту една секунда не сум мислела на мојата тежина... Не ми е тоа на мапата сега. Толку се оптеретуваме сите, толку ги имам турнато на страна сите тие совршени мајки кои сè постигнуваат, јас ништо друго не постигнувам. Дали лошо сум организирана или немам капацитет ниту желба да бидам на некое друго место“ – вели таа.
„Мене навистина ми се остварија сите желби“ – вели таа на крајот од интервјуто.