По месеци шпекулации, Блејк Лајвли започна легална битка против својот колега Џастин Балдони и продукциската куќа „Wayfarer Studios“.
37-годишната актерка го обвини 40-годишниот актер за сексуално вознемирување на сетот на „It Ends with Us“ и оцрнување на нејзиниот имиџ. Тимот на Балдони, кој го режираше филмот, ги отфрли тврдењата на актерката.
Според обвинението, Џастин се обидел да додаде сцени кои вклучувале голотија без согласност на Лајвли, ја бакнувал Лајвли кога тоа не било предвидено во сценариото, споделувал свои сексуални искуства и ја принудувал да го направи истото, влегувал во нејзината приколка ненајавен кога таа била топлес, ѝ покажувал фотографии од голи жени и дискутирал пред неа за неговата зависност од порнографија.
Атрактивната актерка била принудена да поднесе листа со 30 работи кои нема да се прават на сетот, меѓу кои биле и: „Нема повеќе опишување на нивните гениталии пред Блејк Лајвли“, „Координатор за интимност мора да биде присутен на сите сцени кога Блејк е на сетот со Балдони“, „Нема повеќе импровизирано бакнување... Нема каснување или шмукање на усните без дозвола на Блејк Лајвли“, „Нема повеќе влегување во приколката за шминка додека таа е гола“, „Нема повеќе додавање секс сцени, орален секс... надвор од сценариото“.
Блејк го обвини тимот на Балдони и „Wayfarer Studios“ дека пред премиерата на „It Ends with Us“ започна кампања за оцрнување на нејзиното име преку текстови и содржини објавувани онлајн. Сето тоа било со цел да се спречи Лајвли јавно да ги сподели негативните искуства на сетот.
По поднесувањето на обвинението, Блејк дала изјава за The New York Times, во која стои: „Се надевам дека моите правни постапки ќе помогнат да се тргне завесата за овие злобни одмазднички тактики да се повредат луѓе кои зборуваат за недоличното однесување и дека ќе помогнат да се заштитат останатите луѓе кои се таргетирани“.