Нова приказна за успех доаѓа од Болница Плодност. Со раѓањето на 787-мото бебе, битолската болница одбележа рекорден број на породувања во вода во 2024 година. Имено, прекрасно девојче пристигна на свет преку методата породување во вода, што е сè попопуларен начин на породување меѓу мајките.
Од „Плодност“ информираат дека годинава рекорден број на бебенца се родиле токму со породување во вода. Среќната мајка, која веќе има искуство со традиционално, природно породување, сподели дека овојпат процесот бил многу полесен и помалку болен:
„Радост и посебно задоволство, искуство со многу помалку болки, отколку за првото породување, кое беше по природен пат. Речиси беше нестварно за мене, колку методата на породување во вода е побезболна и поедноставна. Со помош на д-р Марија Христовска, која цело време се грижеше за мојата бременост и моето бебе, сè помина во најдобар ред. Од срце на сите мајки им ја препорачувам оваа метода, а среќата и искуствата се уникатни. Драго ми е што во Болница Плодност ја имаме можноста за вакво искуство по светски стандарди“.
Породувањето во вода е алтернативна, но често практикувана метода низ целиот свет, бидејќи овозможува порелаксирано и помалку болно искуство за жената.
Породувањето во вода, кое во Македонија единствено се применува во Болница Плодност, е сè попопуларно и меѓу македонските мајки. Според тимот на Болница Плодност, искуството покажало дека овој метод на породување овозможува поголема удобност за родилката.
Бенефиции од породувањето во вода
- Помалку болка. Топлината на водата го опушта телото и помага да се намали болката, што го прави породувањето поподносливо.
- Зголемена подвижност. Водата го олеснува движењето на мајката, овозможувајќи ѝ да најде позиција што најмногу ѝ одговара.
- Подобро справување со контракциите. Притисокот на водата помага во регулирање на интензитетот на контракциите.
- Скратен процес на породување. Водата го стимулира проширувањето на грлото на матката, што може да доведе до побрз процес на породување.
- Намалување на стресот кај мајката. Природната средина во водата создава чувство на смиреност, што помага во управувањето со стресот и анксиозноста.
- Помал стрес и за бебето. Бебето преминува од амниотската течност во слична средина, што го намалува шокот и го прави преминот од утробата полесен.
- Помал ризик од повреди. Намалениот притисок во водата го минимизира ризикот од оштетување на меките ткива.
- Искуството е многу природно за жената. Мајките се чувствуваат посамоуверено и процесот тече природно, без потреба од интервенции како епидурална анестезија.
Со ова и многуте други постигнувања, Болница Плодност го потврдува лидерството во имплементацијата на светски стандарди и иновативни методи за зачнување, следење на бременост и породување.