Сметате дека зимата ги ограничува нашите стилски можности? Ники ќе ве увери дека грешите.
Модната блогерка, која ги третира улиците како да се модни писти, секојдневно нуди предлози кои ќе ве поттикнат повеќе да експериментирате со облеката. Таа покажува како да ги стилизирате едноставните парчиња облека за да постигнете впечатлив изглед.
„Облека за на работа и класични аутфити со модерен твист“ – стои на профилот на Ники, која ја следат речиси 2 милиони фанови.
„Го започнав мојот блог за да ја споделам мојата љубов кон модата и се надевам дека ќе ве инспирирам секојдневно да ги третирате улиците како модна писта“ – пишува Ники.