Прекрасен настан се одржа во судница во Флорида. Во еден ден, официјално беа посвоени 18 дечиња и токму за Божиќ ќе уживаат во топлината на нивните нови домови.
Големото посвојување се случило на 13 декември и било водено од судијката Стејси Јуманс, која внесе празнична магија во судницата.
Таа ги покани Дедо Мраз и баба Мразица за да им ги доделат сертификатите за посвојувањето на дечињата и да се фотографираат со нив.
Една мајка, која посвои две дечиња, изјавила дека тоа е вистински благослов. „Направете го тоа. Благослов е“ – рекла таа.
Видео:
18 Children were adopted during the “Home for the Holidays” celebration.
— Fifth Circuit (@circuit5) December 16, 2024
The Honorable Circuit Judge Stacy Youmans presided over the adoptions at the #MarionCounty Courthouse.
Congratulations and Happy Holidays to all the families. 
Special thanks to @kidscentralinc pic.twitter.com/QwIpDq8fwS