Ирина Шајк недискутабилно е една од најзгодните жени на светот, па очекувано застанува во центарот на вниманието, особено кога дефилира по долна облека.
Убавата Русинка беше ѕвездата на ревијата на Intimissimi, која се одржа во шармантната Верона во Италија.
На пистата таа чекореше во проѕирни бодиа, долги наметки и впечатливи чизми.