Годините дефинитивно не ѝ можат ништо на Наоми Кембел.
Легендарниот супермодел, кој за неколку месеци ќе зачекори во шестата деценија од животот, изгледаше феноменално на хуманитарната гала во Музејот на уметноста во Лос Анџелес. На свеченоста „Уметност + Филм“, 49-годишната Англичанка носеше црвена креација од Версаче.