Почетна » Новости » Мода » 48-годишната Наоми Кембел во црвен фустан од Келвин Клајн ја прими наградата Модна икона

48-годишната Наоми Кембел во црвен фустан од Келвин Клајн ја прими наградата Модна икона

Синоќа во Њујорк се одржа доделувањето на наградите на Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA). Честа да ја понесе значајната награда Модна икона ѝ припадна на Наоми Кембел – жената која уште од крајот на 80-тите години го носи епитетот супермодел.

48-годишната Британка се појави на свечениот настан во црвен фустан со реси од Келвин Клајн и црвени салонки.

Наоми Кембел Наоми Кембел Наоми Кембел Наоми Кембел Наоми Кембел Наоми Кембел

Во годините наназад, наградата Модна икона ја имаа добиено Ријана, Бијонсе и Фарел Вилијамс. Минатата година, поранешната уредничка на италијанскиот „Вог“, Франка Созани, постхумно беше прогласена за модна икона.

На црвениот тепих, Наоми позираше со креативниот директор на Келвин Клајн, Раф Симонс, во чии раце заврши наградата за Најдобар дизајнер за женска облека.

Наоми Кембел Наоми Кембел Наоми Кембел Наоми Кембел Наоми Кембел Наоми Кембел Наоми Кембел Наоми Кембел Наоми Кембел Наоми Кембел Наоми Кембел Наоми Кембел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20794 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.