Почетна » Новости » Истражувања » Партнерите кои се допираат додека спијат се посреќни

Партнерите кои се допираат додека спијат се посреќни

Начинот на кој спиете со партнерот, а особено растојанието меѓу вас додека спиете, може да открие колку сте среќни во врската, покажа ново истражување спроведено од психологот Ричард Вајзман, професор во Универзитетот во Хартфоршир.

Истражувањето кое вклучувало над 1.000 испитаници открило дека партнерите кои спијат на растојание помало од 2,5cm се посреќни во својата врска отколку оние кои додека спијат се оддалечуваат на повеќе од 76cm.

Пар

Друг заклучок од истражувањето е дека партнерите кои остваруваат физички контакт додека спијат се посреќни од оние кои не се допираат.

„Една од најважните разлики е допирањето. 94% од паровите кои ја минуваат ноќта во контакт еден со друг се среќни во врската, споредено со само 68% од оние кои не се допираат“ – забележа професорот.

Истражувањето исто така ги открива и најпопуларните положби на спиење на паровите. Повеќето, или поточно 42% од испитаните парови, ја преферираат положбата грб со грб, 31% се свртени на иста страна додека спијат, додека само 4% спијат свртени еден кон друг.

Професорот исто така дошол до заклучок дека луѓето кои спијат свиткани во фетална положба најчесто се неодлучни, нервозни и чувствителни на критицизам. Оние пак кои спијат во полу-фетална положба, со колената повлечени нагоре, се смирени, послушни, подготвени на компромис и не се склони кон екстремно однесување.

„Ова е првото истражување кое ги проучува позициите на спиење на паровите и резултатите им даваат можност на луѓето да добијат претстава за нечиј карактер или врска, едноставно прашувајќи ги која е нивната омилена позиција на спиење“ – вели Вајзмен.

Последните резултати се дел од поширокото истражување на психологот Вајзмен поврзани со спиењето и сонувањето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.