Почетна » Новости » Истражувања » Жените најмногу сакаат мажи со кратка брада

Жените најмногу сакаат мажи со кратка брада

Брадата на мажите можеби непријатно боцка кога ќе започне да расте, но очигледно тоа не им смета на жените. Истражување на британскиот сајт Mycelebrityfashion покажало дека жените многу повеќе ги привлекуваат мажи со брада и/или мустаќи, отколку мажи кои редовно ги отстрануваат влакната од своето лице.

Повеќе од половината анкетирани (54%) изјавиле дека преферираат мажи кои имаат брада или мустаќи, а 33% изјавиле дека сакаат мажи со мазно лице.

Дејвид БекамДејвид Бекам

Поголем дел од обожавателките на мажи со брада (66%) изјавиле дека брадата ги прави мажите помажествени и попривлечни. Околу 10% од жените кои учествувале во истражувањето сметаат дека мажите со мазно лице често изгледаат премногу млади.

Жените најмногу сакаат мажи чија брада не е многу порасната (3 дена по бричењето). Две третини од жените изјавиле дека мажите со таков тип на брада се најпривлечни.

Само 12% признале дека сакаат мажи со подолга брада, 19% изјавиле дека најмногу ги привлекуваат мажи со мустаќи, а само 6% од жените откриле дека преферираат мажи со „козја“ брада.

Истражувањето во коешто учествувале 1832 жени покажало и дека жените повеќе сакаат мажи со влакна на градите и грбот. Повеќе од половина (51%) изјавиле дека сакаат мажи со влакна на градите, а само 27% признале дека претпочитаат мажи со мазно тело.

Еве кои се и славните личности кои биле оценети како најпривлечни кога имаат брада:

  • Дејвид Бекам – кратка брада по целото лице (68%)
  • Зак Ефрон - брада/мустаќи(51%)
  • Том Селек - мустаќи (48%)
  • Џони Деп – „козја“ брада (41%)
  • Роберт Дауни Џуниор – „козја“ брада (38%)

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20785 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.