Од започнувањето на сексуалната револуција во текот на 60-тите години, сексуалната активност на жената постојано се зголемува. Денес жените на возраст од 18-24 години се 3 пати повеќе сексуално активни, отколку што биле нивните баби. Тоа е еден од заклучоците на истражување на компанијата ICM.
Истражувачите откриле дека во текот на изминатата деценија, жените на возраст од 18-24 години имале во просек по 5,65 партнери. За разлика од нив, во 60-тите години, кога започнала сексуалната револуција, жените имале само по 1,67 партнери.
Во текот на 70-тите жените имале во просек по 3,72 партнери, а во текот на 90-тите по помалку од 5.
Една четвртина од учесничките во истражувањето во 70-тите години изјавиле дека имале од 2 до 4 партнери додека да наполнат 24 години. Дури 8% од учесничките денес изјавиле дека имале сексуални односи со повеќе од 10 партнери, додека да наполнат 20 години.