Почетна » Новости » Истражувања » Жените денес се поинтелигентни од мажите

Жените денес се поинтелигентни од мажите

Отсекогаш сте тврделе дека жените се поумни од мажите? Сега ќе имате и многу силен аргумент за да го поткрепите својот став. Имено, за првпат во 100 години жените покажуваат подобри резултати на тестовите за интелигенција од мажите.

Од започнувањето на тестирањата за интелигенција пред еден век, па сè досега, мажите покажувале подобри резултати и нивниот IQ бил за 5 поени повисок од оној на претставничките на понежниот пол. Сега за првпат е забележан пресврт и жените го преземаат водството, тврди светски признатиот експерт за IQ тестови Џејмс Флин.

Мултитаскинг

„Во изминативе 100 години, коефициентот на интелигенција и на мажите и на жените се зголеми, но на жените порасна побрзо. Ова е последица на модерниот начин на живот. Комплексноста на модерниот свет го принудува нашиот мозок да се адаптира и го зголемува нашиот IQ“ – изјавил Џејмс.

Една од теориите за ваквата промена во резултатите е дека денес жените се многу активни во повеќе сфери од животот и си ја усовршуваат својата способност за мултитаскинг, односно истовремено градат кариера и се грижат за семејството.

Другата теорија вели дека можеби жените отсекогаш имале повисок потенцијал за подобри резултати, но дури сега го покажуваат тоа.

Тврдењата, кои веројатно нема да ѝ се допаднат на едната половина од светската популација, Џејмс Флин ќе ги објави во нова книга.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.