Со цел да ѝ стави крај на вечната дебата за тоа кој е попаметен – мажите или жените, американската компанија Хасбро создаде возбудлив онлајн натпревар наречен Trivial Pursuit.

Во текот на пет месеци, милиони луѓе од цел свет одговараа на прашања од различни области за да му помогнат на својот пол да стигне до победа.
Добрата вест е што натпреварот заврши и крајниот резултат е во корист на жените. Официјално на сајтот пишува: „Жените се попаметни од мажите!“.
Жените ја освоиле победата со точно одговорени 4 088 139 прашања, а мажите ќе мораат да се помират со загубата, затоа што одговориле точно на 4 077 569 прашања од историја, уметност, литература, географија и др.
Прашањата од категоријата забава биле најомилени кај жените и тие одговориле двојно повеќе вакви прашања од мажите, со успешност од 56,8%. Втора категорија во која жените најмногу ги покажале своите знаења била категоријата прашања „Наука и природа“.
Пораката од сајтот за мажите е: „Мажи... добар обид, но не доволно добар“, а за жените „Жени од цел свет... честито! Правото да се фалите е ваше!“.