Почетна » Новости » Занимливости » Интелигентно момче на 3 години стана најмладиот член на Менса во Англија, знае да брои на седум јазици и да чита

Интелигентно момче на 3 години стана најмладиот член на Менса во Англија, знае да брои на седум јазици и да чита

Мало момче со голема интелигенција стана најмладиот член на Менса во Англија.

Теди Хобс, кој сега има 4 години, бил примен во организацијата за високо интелигентни личности на возраст од 3 години и 9 месеци.

Теди Хобс Теди Хобс

Теди се научил да чита кога имал само 2 и пол години, а покрај на мајчиниот англиски, знае да брои и на шест други јазици. Неговите родители немале претстава колку е интелигентен нивниот син сè додека не направил групен тест за интелигенција на кој имал 139 од 160 поени.

Теди Хобс Теди Хобс Теди Хобс

„Искрено, не ни се веруваше дека влезе. Никогаш немавме цел да влезе таму, дури и кога го тестираа, беше само за да му помогнеме кога ќе започне на училиште во септември, никогаш не планиравме да влезе во Менса.“

„Знаевме дека може да прави нешта кои неговите врсници не ги можат, но мислам дека не сфаќавме колку многу е добар. Тој сè уште не сфаќа дека има поголеми способности од другите деца, но мислам дека ќе сфати кога ќе започне да оди на училиште“

„Ништо не пропушта, слуша сè што се зборува. Помни разговори кои сме ги имале за Божиќ минатата година. Му купивме таблет, но никогаш не покажал интерес за игри. Наместо тоа, користи апликации за да научи да брои до 100 на различни јазици“ – рекла мајка му Бет.

Менса е меѓународна организација за високо интелигентни личности, основана во 1947 година.

Теди Хобс Теди Хобс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20785 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.