Дали некогаш сте дебатирале со пријателите за тоа кој е поинтелигентниот пол? Многу често оваа тема предизвикува жестоки дискусии.
Со цел да ѝ стави крај на вечната дебата за тоа кој е попаметен, американската компанија Хасбро создаде возбудлив експеримент во чија основа е играта на знаење Trivial Pursuit. Се работи за интернет игра во која секој може да одговара на различни прашања од сите области во животот. Со секој даден точен одговор, играчот освојува поен во борбата против спротивниот пол.
Во последните 3 месеци, милиони играчи од целиот свет учествувале во играта за да придонесат за подобрување на статусот на својот пол. Предноста често се менувала, но интересно е што сега, на неколку недели пред крајот, жените го презедоа водството.
Од започнувањето на играта во октомври, на сајтот се отворени повеќе од 11 милиони прашања. Најомилена тема на посетителите е историјата, потоа науката и природата, па забавата. Прашањатата од областа на уметноста и литературата се најизбегнувани.
Само пред неколку дена разликата во поените беше 10 000 во корист на жените, но сега разликата е само 1000. Очигледно мажите не се откажуваат лесно.
Ако сакате да се обидете да помогнете во борбата, еве линк од интересната игра:
Trivial Pursuit