Некои експерти тврдат дека развивањето и постојаната употреба на дигиталните технологии во секојдневниот живот влијае лошо врз мозокот. Но, последните истражувања всушност покажаа дека сурфањето на интернет може да ја подобри меморијата и да го зголеми коефициентот на интелигенција кај возрасните.
Истражувачите од Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес го споредувале мозокот на луѓе во средна возраст кои ретко користат интернет, со мозокот на луѓе кои се редовни интернет корисници. Во текот на пет дена, учесниците во истражувањето сурфале на интернет по еден час дневно.
Резултатите покажале дека делот од мозокот задолжен за носење на одлуки и интегрирање на сложена информација, станал значително поактивен.
Ваквото подобрување на способноста на мислење кај луѓето кои до моментот на истражувањето многу ретко користеле интернет, покажало дека функцијата на мозокот може лесно и брзо да се менува и подобрува со помош на интернетот. Со користењето на интернет се зголемил и коефициентот на интелигенција.
Но, важно е да се спомене и дека долготрајната употреба на компјутер го менува начинот на кој луѓето мислат, чувствуваат и се однесуваат. Прекумерната употреба на интернетот води до намалување на способноста за создавање на меѓучовечки врски.