Родители споделија снимки од ултразвук за да ја покажат специјалната врска меѓу нивните неродени близначки. На снимките, двете бебиња се „бакнуваат“ во утробата на нивната мајка.
Кариса Гил била во 25-тата недела од бременоста кога со сопругот Ренди ги виделе своите идни ќерки како си разменуваат „бакнежи“ за време на прегледот со ултразвук. Кариса вели дека не ни помислувала дека близначките Изабела и Кејли се толку блиску една до друга, па моментот бил многу посебен за неа.
„Беше толку слатко, толку многу убаво за гледање. Не знам како да објаснам, но нивната блискост беше неверојатна. Никогаш не сум видела нешто слично. Ги чувам сите снимки за да им ги покажам. Нема да им се верува, ќе бидат изненадени“ – вели Гил.
„Сакав да ја споделам мојата приказна со светот. Бременоста е прекрасно нешто за овековечување, особено кога ќе видиш моменти како овој“ – додава таа.
Кариса на Instagram сподели и друга фотографија на која едното бебе го „бакнува“ другото на образот. „Изабела ја бакнува својата сестричка Кејли на образот“ – напиша таа.