Ирина Дишовска Камилоска не се разделува од Водно.
Македонската планинарка и алпинистка се врати на своето омилено место само 10 дена по породувањето.
Сопругата на Павле Камилоски сподели видеа од својата мала авантура, а се пофали и дека вчера за првпат по породувањето се чувствувала одлично.
„Водно прекрасно денес. Многу луѓе, ама и многу кал. Но, мене ми е најубаво. Првпат после пораѓај супер се чувствувам“ – вели Ирина.
Ирина сподели и видео за да покаже дека таткото Павле дома се грижи за двете деца, додека таа ужива во омилената активност.
Ирина се качуваше на Водно и во 42-рата недела од бременоста. Таа се породи само неколку дена по споделувањето на видеата.
Ирина и Павле имаат две деца, Јосиф и Лена.