Меган Маркл и принцот Хари купија нов семеен дом во Калифорнија. Славниот пар, кој се дистанцира од британското кралско семејство и се пресели во САД, привремено живееше во куќата на Тајлер Пери, но сега си најде перманентно живеалиште.
Новиот дом им се наоѓа во Монтесито, каде многу славни личности, меѓу кои и Опра Винфри и Елен Деџенерис, поседуваат свои имоти. Според првичните информации, Меган и Хари за домот платиле 14,7 милиони долари.
Шармантната куќа е опкружена со прекрасна градина и вклучува 16 спални соби и 9 бањи.