Четири дена по објавувањето на тизерот, принцот Хари и Меган Маркл го објавија официјалниот трејлер за документарниот филм за нивниот живот.
Видеото го прикажува доаѓањето на Меган во кралското семејство, кога стана една од омилените личности на јавноста. Но, одеднаш сè се менува.
Во трејлерот, поранешните припадници на британското кралско семејство раскажуваат дека некој од палатата споделувал и создавал приказни за нив, опишувајќи го кралскиот живот како „валкана игра“. Хари го напуштил кралското семејство и создал свој живот во САД, од страв дека ќе се повтори приказната со неговата мајка.
„Бев преплашен, не сакав историјата да се повтори“ – вели тој.