Децата на Меган Маркл и принцот Хари конечно добија кралски титули. Арчи и Лилибет официјално се означени како принц и принцеза.
По изјавата од претставник на Хари и Меган дека тоа е нивно право од раѓање, кралот Чарлс одлучи тоа да биде означено и на официјалната страница на Бакингемската палата.
„Титулите на децата се нивно право откако нивниот дедо стана Монарх. Ова прашање е решено веќе извесен период во согласност со Бакингемската палата“ – изјавил портпаролот.
Утрово, тие беа напишани како господар и госпоѓица Маунтбатен-Виндзор, а пред кратко време тоа беше променето и сега гласи: принц Арчи од Сасекс и принцеза Лилибет од Сасекс.
Тие се на 6-то и 7-мо место во линијата престолонаследници.
Вчера, Лилибет беше официјално крстена во Калифорнија. На церемонијата не беа присутни ни кралот Чарлс, ни принцот Вилијам и принцезата Кетрин.