Скопје на тркала... Над 2.000 лица возеа на велосипеди, ролери и тротинети во рамките на ревијалната трка „Вози право, вози здраво“ која денес се одржа во Скопје.
Трката која започна кај Порта Македонија е организирана од Стопанска банка АД – Скопје со цел подигнување на свеста за позитивните ефекти од користењето на овие чисти транспортни средства.
Извозените „метри“ ќе бидат преточени во донација на урбана опрема, фокусирана на развивање на сообраќајната и велосипедска култура.
За учесниците беа обезбедени репрезентативни материјали, а беше организирана и наградната лотарија.