Почетна » Новости » Занимливости » Најголема досега: Трката „Вози право, вози здраво“ по петти пат ќе се одржи во Скопје

Најголема досега: Трката „Вози право, вози здраво“ по петти пат ќе се одржи во Скопје

Најмасовното возење со велосипеди, ролерки, тротинети (електрични или обични), скироли и бебе колички ќе се одржи на 8 јуни во Скопје. Стартот на ревијалната трка „Вози право, вози здраво“, која се одржува по петти пат во организација на Стопанска банка АД – Скопје, е од салата Борис Трајковски во 18 часот.

Веќе се пријавени илјадници граѓани кои ќе возат по улиците на Скопје, со цел подигнување на свеста за позитивните ефекти од користењето на чисти транспортни средства.

Вози право, вози здраво

Подигнување на редни броеви

Редните броеви од регистрацијата ќе можете да ги подигнете од i-bank store филијала на Стопанска банка од 10 до 18 часот секој ден од понеделник 03.06 до петок 07.06. како и во сабота, 08.06, но не подоцна од 15 часот.

Напомена: Подигнување на редни броеви пред стартот НЕМА да биде овозможено. Затоа, побрзајте подигнете ги броевите најдоцна до 15 часот на 08.06.2019 од i-bank store филијала на Стопанска банка.

На целта во Градскиот парк, сите регистрирани учесници кои ги подигнале своите бројчиња и учествувале на трката ќе може да учествуваат во вредната лотарија и да се освежат со пијалок, сладолед или грицки.

За доброто расположение на присутните ќе се погрижат Скопски Грув, 5+ Фамилија и Baskerfest како и водителите Марко и Цеце.

Лотарија

За сите учесници, покрај ВПВЗ репрезентацијата ќе има и вредна лотарија која овојпат вклучува:

  • 10 SPECIALIZED детски велосипеди
  • 10 SPECIALIZED велосипеди за возрасни
  • 10 GoPro Hero 7 камери

Банката обезбеди и ваучери за сладолед, пијалок, грицки и вода со што ќе го освежиме пристигнувањето на целта и ќе можеме да уживаме во добрата забава.

Секако, и на стартот ќе има групни предизвици и ќе бидат поделени подароци за најуспешните. За што станува збор ќе дознаете на стартот од модераторот на настанот.

Вози право, вози здраво

Совети и препораки

Како и досега, препораките за безгрижно учество на ВПВЗ се:

  • не се оддалечувајте од вашето друштво, ова посебно важи за децата. Погрижете се детето да знае како да ве контактира во случај да се разделите.
  • внимавајте на своите работи и не ги оставајте без надзор.
  • дојдете најмалку 15 минути пред стартот на трката за да ги чуете сите насоки и препораки за трката.
  • не брзајте, трката е од ревијален карактер и првите на целта нема да бидат посебно наградени.
  • бидете на целта за време на лотаријата, доколку не се пријавите кога ќе биде извлечено бројчето, истото ќе биде поништено и ќе биде извлечен нов добитник.
  • внимавајте на брзината и на безбедноста. Во случај на незгода, ангажирани ќе бидат возила на брзата помош кои ќе може да ви помогнат. Побарајте некој од нашите волонтери кои ќе бидат распределени на стартот, долж патеката и на целта во паркот.
  • очекуваме пријатни временски услови, но секогаш е добро да бидете заштитени од UV зрачење.
  • Банката ќе обезбеди услови за учесниците да можат соодветно да се ослободат од отпадоците затоа што нагласено внимание ќе биде посветено на хигиената и за време на одржувањето на настанот како и по завршувањето на истиот.
Вози право, вози здраво

Вози од срце и донирај километри

Извозените километри на ВПВЗ, Банката повторно ќе ги посвети на донации за урбана опрема за велосипедизам за нашиот град. Дополнително, во годината кога Банката одбележува 75 години од постоењето, започнавме кампања под името „Вози од срце“ со која на национално ниво ја поттикнуваме свеста за предностите од користење на велосипедот за секој од нас, но и за нашето окружување.

Целта на кампањата е заедно да собереме 1.000.000км извозени со велосипед, по што Банката ќе донира за Одделот за кардиологија при Државната клиника за детски болести со што заедно помагаме за подобро здравје на детските срца. Приклучете се и возете од срце и на ВПВЗ и секој друг ден! Правилата за донирање на извозени километри дознајте ги на voziodsrce.mk

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20955 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.