Илјадници лица на велосипеди, тротинети и ролери, како и родители со колички со бебиња, ги окупираа улиците низ Скопје по повод добро познатата ревијална трка „Вози право, вози здраво“.
Оваа трка, која годинава се одржува по четврти пат, е организирана од Стопанска банка АД – Скопје, со цел да се поттикнат луѓето да ги користат овие транспортни средства кои не загадуваат, туку помагаат во намалување на сообраќајниот метеж и во заштитата на животната средина.
Трката започна од Порта Македонија, а бројката на учесници достигна до 5.000.
Со секој извозен метар, Стопанска банка АД – Скопје ќе донира средства за нова урбана опрема за Град Скопје за развивање на велосипедска култура.
Редните броеви на учесниците беа дел од лотарија, во рамките на која беа доделени: 5х Specialized Велосипеди, 5х GoPro камери, 5х FitBit алки, 5х MICRO тротинети и друга спортска опрема.