Меган Маркл и принцот Хари волонтираа за да помогнат во подготвувањето на храна за лица од ранливи категории во пекара во Лос Анџелес.
38-годишната војвотка и 35-годишниот принц носеа заштитни маски додека работеа во кујната покрај среќниот персонал во „Homeboy Industries café and bakery“.
Целта на програмата во којашто волонтираа поранешните претставници на британското кралско семејство е да им овозможи храна на лица од ранливи категории за време на пандемијата.
„Им благодариме на Војводата и Војвотката од Сасекс што нè посетија. Нашиот персонал беше одушевен што работеше покрај нив, додека тие помагаа во приготвувањето на храната и додека учеа за новолансираната програма ‘Feed HOPE’. Учесниците до програмата обезбедуваат храна за млади и повозрасни лица од Лос Анџелес кои не можат да си го дозволат тоа за време на пандемијата со КОВИД-19“ – напишаа од „Homeboy Industries“.