Секоја жена поседува уникатна убавина која ја издвојува од сите останати припаднички на понежниот пол. Но, понекогаш секоја од нас се соочува со несигурности предизвикани од надворешниот изглед.
Емили Лондон е фотографка која им помага на жените да си ја зголемат самодовербата и да се ослободат од нивните несигурности, фотографирајќи ги како ѕвезди. Талентираната мајка на две деца ја истакнува убавината на секоја од своите клиентки преку стилски трансформации кои заслужуваат аплауз.
„Знам како изгледа убавината. Можам да ја видам вашата. Знам како да ја истакнам и како да ја овековечам со мојот фотоапарат. Знам и како е да се биде жена која се бори да ја види својата убавина. Поради тоа си поставив мисија да ги создадам најубавите портрети кои некогаш сте ги имале. Знам да ви покажам колку сте убави, да ви помогнам да се поврзете со жената што ја гледате на портретите и да направам повторно да се восхитите од неа“ – пишува Емили на својот сајт.