Почетна » Новости » Истражувања » 52% од жените одбиваат да имаат секс поради изгледот на телото

52% од жените одбиваат да имаат секс поради изгледот на телото

Незадоволството од надворешниот изглед носи намалување на самодовербата и влијае негативно во сите сфери на животот. Ново британско истражување покажа дека 52% од жените некогаш одбиле да имаат секс со своите партнери само поради тоа што се чувствуваат дебели или поради тоа што се засрамени од формата на своето тело.

„Многу жени чувствуваат голем притисок да изгледаат совршено, а тоа не е реално“ – објаснила д-р Кертин Худ, која предава на Универзитетот Оксфорд.

Проблеми во врската52% од жените одбиваат да имаат секс со своите партнери поради изгледот на своето тело

Во истражувањето учествувале вкупно 4000 луѓе. Од сите жени кои биле интервјуирани, 13% признале дека имаат секс само со изгаснато светло бидејќи се срамат нивниот партнер да ги види голи, а секоја десетта жена изјавила дека сака да биде поавантуристички настроена в кревет, но поради срам од изгледот на одредени делови од телото настојува да имаат секс со партнерот во едни и исти пози.

Сепак, немањето на самодоверба поради изгледот не е непријател број еден на сексуалниот живот. Дури 72% од жените изјавиле дека одбиле да имаат интимни односи со својот партнер затоа што се чувствувале преморени.

6% од учесниците кои биле во брак или кои живееле заедно со својот партнер изјавиле дека имаат досаден сексуален живот, но 19% од нив сметаат дека тоа би се променило ако имаат повеќе време што би го поминувале насамо со саканиот.

6% од жените изјавиле дека имаат секс само затоа што чувствуваат обврска.

Експертите советуваат дека паровите мора да си одделуваат време за да бидат интимни, а жените мора да работат на својата самодоверба.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.